Не се откажува ниту Тотенхем: Одбиена и втората понуда на Баерн за Кејн

Втората понуда на Баерн Минхен во висина од 80 милиони евра плус бонуси за Хари Кејн, е одбиена од страна на Тотенхем. Првата понуда од страна на „Баварците“ беше за 10 милиони евра пониска, но и оваа втората не беше доволна за челниците на англискиот тим да се откажат од услугите на својот најдобар голгетер.

Тотенхем не се откажува од својата намера. Бара 100 милиони евра за својот голгетер, а сега на потег е повторно Баерн дали ќе се откаже или ќе се реши да оди до крај за неговиот потпис.

Ова е воедно последната шанса на лондонската екипа да заработи нешто на трансферот на Кејн, со оглед дека идното лето англискиот напаѓач ќе си замине како слободен агент, со оглед дека му истекува договорот.

Се вчитува...