„Не се раѓаат веќе кошаркари како Милош Теодосиќ“

Тренерот на Црвена звезда Јанис Сферопулос соработуваше со Милош Теодосиќ во три клуба па сега говореше и за феноменалната кариера на српскиот кошаркар.

Трофејниот српски репрезентативец неодамна стави крај на кариерата и со емотивно писмо се прости од кошарката.

„Теодосиќ е маестро на кошарката. Играч на кој можеше само да гледаш и да му се восхитуваш. Правеше работи кои само тој можеше да ги замисли, секогаш два потега пред секого. Таков веќе не се раѓа“, изјави Сферопулос.

Грчкиот тренер првпат соработуваше со Теодосиќ во Олимпијакос, кога српскиот играч имаше само 20 години. Подоцна се сретнаа и во ЦСКА Москва (сезона 2011/12), кога Сферопулос беше помошник тренер.

Се вчитува...