Не се заборавени: Одбојкарите на прием во Агенцијата за млади и спорт (ФОТО)

Македонските одбојкари синоќа допатуваа во Скопје од Ф4 турнирот во Европската лига и заиграа оро на плоштадот Македонија, напоменувајќи дека се чувствуваат запоставени поради скромниот пречек. Но, сепак, не е така, затоа што денеска имаа прием во Агенцијата за млади и спорт, каде беа пречекани од новиот директор Дарко Каевски.

odbojka ams 1

Очигледно дека одбојкарите смечуваа малку порано и удрија во мрежа, идентично како што играа и на финалниот натпревар против Украина, кој го загубија. Се вратија дома со освоено второ место и сребрен медал, но, секако, заслужуваат честитки за тоа што го сторија на годинашните настапи во Европската лига. Единствениот пораз го имаа во самото финале.

odbojka ams 2

odbojka ams 4

Се вчитува...