Не стивнуваат реакциите по куп финалето – „Срам ми е што го делев теренот со човек како Гобељиќ“

Фудбалерот на Партизан Бибрас Натхо е шокиран од однесувањето на противничкиот играч, Марко Гобељиќ. Дефанзивецот на „црвено-белите“ по победата на пеналите се соблече гол пред голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ како одговор на изјавата на играчот на „црно-белите“ пред мечот во која вели дека доколку загубат тој може „јавно да биде силуван“.

„Не победивме и тоа е во ред. Но, мора да имате барем минимум почитување кон фудбалот и играчите. Тоа што го направи фудбалерот со број 77 е срамно. Срам ми е што го делев теренот со него. Тој заслужува суспензија од најмалку десет меча“, изјави Натхо.

 

Се вчитува...