Не требаше долго Мурињо да ги загуби нервите: Судиите не се судии, а ВАР подобро да не постои

Не требаше долго по враќањето на тренерската работа Жозе Мурињо да ги загуби нервите. Португалецот по минималниот пораз на Тотенхем од Саутемптон удри по судиите и ВАР системот.

На мечот Мурињо доби жолт картон поради „шпиунирање“ на тактиката на колегата, а жестоко протестираше поради некористење ВАР во една ситуација.

„Судиите не се повеќе судии. А, ВАР треба да го промени името. Тоа не е видео асистент, туку судија. Оние кои се на терен, всушност се асистенти“ – вели Мурињо кој е посебно лут поради една спорна ситуација.

„ВАР ги носи најважните одлуки на мечот. Требаше да биде досуден пенал, но не се користеше ВАР и потоа ништо. Не знам зошто постои…“.

Тотенхем во моментов се наоѓа на шестото место во Премиерлигата со 30 бода, еден помалку во однос на петтопласираниот Манчестер јунајтед.

Се вчитува...