Новите газди на Њукасл се мултимилијардери од Саудиска Арабија, но уште на самиот почеток од премиерлигашкото искуство овие богаташи почнуваат да се навикнуваат да слушаат „Не“ за одговор. Првиот дојде од Мауро Икарди, кој ја одби понудата на „црно-белите“ од Англија, а вториот, од Масимилијано Алегри.
Екс-тренерот на Јувентус беше избран како најдобра опција за предводник на новиот проект, му беше ветена висока плата и бонуси, но Алегри без многу размислување ја одби понудата. Причина – стратегот што освои бројни титули со Јуве на ваква преселба гледа како на чекор наназад во кариерата, па Алегри решил да почека понуда од клуб со поголеми амбиции и реноме за да му се врати на тренерскиот занает.
Во игра за Њукасл сега е друг италијански тренер, Лучијано Спалети. Екс-тренерот на Интер уште зема плата од „нероаѕурите“, но во Њукасл се оптимисти дека ќе успеат да го убедат да го преземе овој проект од почеток, нудејќи му и над 150 милиони фунти за ангажман на нови фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА