Не заигра во Премиер-лигата, а Ливерпул го продаде за 10 милиони фунти

Ливерпул по ангажманот на Тијаго Алкантара се уште е активен на пазарот, овојпат за продажба на фудбалери. Се уште е неизвесно дали Вајналдум ќе биде продаден на Барселона, но „црвените“ во меѓувреме договорија одлична бизнис-зделка, прифаќајќи ја понудата од 10 милиони фунти за играч кој не настапи на ниту еден премиерлигашки натпревар за тимот на Јирген Клоп.

Станува збор за 18-годишниот холандски дефанзивец Ки-Јана Хувер, кој кариерата ќе ја продолжи во Вулверхемптон откако овој клуб понуди 10 милиони фунти, сума што Ливерпул ја прифати за овој недокажан играч. Хувер е фудбалер што добро се снаоѓа како десен бек и како централен дефанзивец, тој одигра четири средби во куповите за Ливерпул, но не се најде на списокот најталентирани играчи кои Клоп ги вклучи во работата со првиот тим.

Поради ова Холанѓанецот побара да си замине, а по добивањето на одличната понуда од Вулверхемптон „црвените“ дадоа зелено светло за негов трансфер.

Се вчитува...