Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави фотографија на која мал навивач на Рома во дресот на Николо Заниоло игра фудбал низ улиците на Милано.
Детето е само со топка на улиците во време на изолација, а фотографијата што ја отсликува тажната италијанска реалност во времето на коронавирусот потоа ја сподели самиот Заниоло, повикувајќи го малото дете да се сретне со него во тренинг центарот на Рома, Тригорија, откако хаосот на Апенинскиот Полуостров ќе заврши.
„Оваа фотографија остави силен впечаток врз мене. Не знам кој си, но горд сум што те гледам во мојот дрес. Знам дека сега е тешко и чудно да се игра фудбал во празен град, но кога се ќе биде готово – сакам да ми испратиш уште една фотографија, како играш со други дечиња. И да, ќе те чекам во Тригорија“, напиша Заноило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА