Недановски: Подготвени сме за Татран, ќе дадеме се да завршиме први во групата

Ракометарите на Вардар в петок против Татран Прешов ќе го одиграат третиот натпревар од новата сезона во регионалната СЕХА лига. Вардарци во првиот натпревар против словачкиот тим загубија на гостувањето, а сега ќе се обидат да се реваншираат за поразот во Словачка.

Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски вели дека неговите играчи се подготвени за петочниот натпревар…

„Пред десет дена одигравме натпревар со истиот ривал. Таму имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно уиграни. Отворивме добро, имавме предност, но потоа и пад. Имавме и добри и лоши моменти во нападот и одбраната, но тој беше прв во СЕХА. Репрезентативците добија заслужен одмор, кој навистина им требаше, а потоа имавме неколку тренинзи во комплетен состав. Мислам дека сме подготвени за натпреварот во петок, ќе направиме анализа и ќе гледаме видео денеска, секако дека одиме на победа. Дали ќе биде над четири гола разлика колку што загубивме таму ќе видиме во петок, но ќе направиме се за да се бориме за првото место во групата. Мислам дека овој натпревар ќе биде далеку подобар од оној во Словачка. Имаме повредени играчи, Моралес влече повреда, но тоа е што е. Дополнителен проблем е, но повредите се составен дел од спортот. Во првиот дел од сезоната немавме голем ростер, но сега имаме и новите ракометари од тренинг на тренинг се подобри и подобри“, вели Недановски.

Се вчитува...