Недовиќ се сели во Грција, Милано со ново засилување

Немања Недовиќ ги разреши дилемите околу својата иднина избирајќи го Панатинаикос за следна дестинација во кариерата. Српскиот бек поради честите повреди не ги оправда очекувањата во Милано, но по заминувањето од италијанскиот клуб доби интересни понуди од Евролигата. Една од нив беше онаа на Црвена Звезда, но Недовиќ реши да не се врати во татковинатаљ, туку кариерата да ја продолжи во Грција.

Ново засилување договори и Милано, успевајќи да ја добие трката по Зек Ледеј. Американецот имаше зад себе одлична сезона во Жалгирис, се споменуваше дека Јасикевичиус би можел да го донесе со себе во Барселона, но Ледеј на крајот ја прифати понудата на италијанскиот евролигаш. Тој е шесто засилување на Милано летово, по Џиџи Датоме од Фенербахче, Кевин Пантер од Црвена Звезда, Малком Дилејни од Барселона, Кајл Хајнс од ЦСКА Москва и италијанскиот суперталент Давиде Морети, кој се враќа во татковината откако настапуваше во НЦАА-лигата при школувањето во САД.

Барселона во исчекување на мегатрансфери потпиша нови договори со двајца кошаркари, Кајл Курич и Пјер Ориола.

Се вчитува...