„Нејмар да не се враќа во Ла Лига, тој не е добар пример“

Првиот човек на Ла лига Хавиер Требас вели дека фудбалер како Нејмар не е потребен во шпанското првенство, бидејќи иако е одличен фудбалер неговото однесување е недозволиво.

„Не го сакам Нејмар во шпанското првенство бидејќи не е добар пример, бидејќи неговото однесување е недозволиво. Тој е голем фудбалер, но за нашата лига важно е и однесувањето на фудбалерите и каков пример оставаат на младите“, изјави Требас. 

Исто така тој вели дека доколку Барселона може да го донесе Нејмар само доколку продадат поголем дел од фудбалерите, бидејќи нема да биде испочитуван финансискиот фер-плеј.

„Доколку Барселона сака да го донесе Нејмар, ќе мора да ослободи некој од фудбалерите кои многу заработуваат за да го испочитува финансискиот фер-плеј. Тоа е уште еден проблем околу носењето на Нејмар“, заврши Требас. 

Покрај Нејмар, Барселона е во трка и за доведување на Антоан Гризман, тандем со кој треба да ја нападне титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...