Нејмар: Едвај чекам да дојдат дуелите со Реал Мадрид

Пари Сен Жермен е убедлив во француското првенство и ита кон титулата, но „светците“ имаат голема мисија и во Лигата на шампионите. Пред нив стои актуелниот европски првак Реал Мадрид со кого ќе се сретнат во осминафиналето, а Нејмар со нетрпение ги очекува тие дуели.

„Секој фудбалски меч е инспирација, но има такви што ги чекате со денови. Јас едвај чекам да дојдат дуелите против Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, истакна Нејмар.

Реал Мадрид ќе го пречека ПСЖ на „Сантијаго Бернабеу“ на 14 февруари, а реваншот ќе се одигра во Париз на 6 март.

Се вчитува...