Нејмар едвај го скрши отпорот на Троа

ПСЖ многу потешко од очекувањата стигна до својата 13. победа сезонава, со огромна мака кршејќи го отпорот на аутсајдерот Троа на „Паркот на принцовите“ (2-0).

„Светците“ во финишот од првото полувреме промашија пенал преку Кавани, за во 72. минута конечно отпорот на гостите да го скрши Нејмар со прецизен удар од дваесетина метри. Конечните 2-0 во 90. минута ги постави Кавани на асистенција на Нејмар.

Со оваа победа ПСЖ сега има 41 бода по првите 15 кола и убедлива предност во одно на второпласираниот Олимпик Марсеј, кој има десет бода помалку од дрим-тимот од Париз.

Се вчитува...