Нејмар и другарите го растурија Ел Салвадор, Аргентина повторно непрепознатлива

Фудбалската репрезентација на Бразил оствари убедлив триумф (5-0) на пријателскиот натпревар против Ел Салвадор. Нејмар блескаше, а ги разигра и останатите „кариоки“.

Тој го постигна првиот гол од пенал уште во четвртата минута, а до крајот на првиот дел им асистираше на Ришарлисон и на Кутињо за водство од 3-0. Во второто полувреме, Ришарлисон постигна уште еден погодок, а во завршницата Нејмар оствари и трета асистенција, при погодокот на Маркињос.

Аргентина одигра без голови против Колумбија во меч без Лионел Меси.

Се вчитува...