Бразилскиот фудбалер Нејмар, и официјално го продолжи договорот со бразилскиот тим Сантос, според кој ќе остане во својот матичен клуб од крајот на 2026 година.
Бразилецот се реши на ваков потег за подобро да се подготви за евентуален настап за Бразил на Светското првенство 2026 година. Потписот на новиот договор го објави на социјалните мрежи.
„2025 година беше посебна и предизвикувачка година за мене – време на радост и надминување на пречките со кои можев да се соочам само благодарение на вашата љубов“, напиша Нејмар.
„2026 година пристигна и судбината не можеше да биде поинаква. Сантос е моето место. Еве ме дома, безбеден и среќен. И токму со вас сакам да ги остварам останатите мои соништа.“
33-годишниот Бразилец се врати во клубот од детството минатиот јануари. Сепак, се бореше со повреди и со испаѓање во текот на сезоната, но тој му помогна на тимот да избори опстанок во последните мечеви од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

