Нејмар им открил на соиграчите од ПСЖ дека се враќа во Барселона

Ново лето и нов обид на Нејмар да се врати на „Камп Ноу“. Бразилецот е сигурен дека ќе го напушти Париз и ќе се врати во Ла Лига, па ова им го открил на соиграчите од Пари Сен Жермен. Минатото лето Нејмар исто така инсистираше на трансфер, но, сепак, Барселона не ја плати отштетната клаузула за да се врати во претходниот клуб.

Пред три години Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ. Оттогаш освои три шампионски титули со „светците“, а во дебитантската сезона во Лига 1 беше прогласен за најдобар фудбалер. Но, во последната година вредноста на Нејмар на трансфер пазарот значително опадна. Ова посебно е изразено по пандемијата на коронавирусот и според ЦИЕС (Фудбалска Опсерваторија) сега неговата вредност е само околу 80 милиони евра. Но, раководството на Пари Сен Жермен и понатаму за него бара отштета од 180 милиони евра, а му понуди и нов договор кој би го задржал на „Паркот на принцовите“ до 2025 година.

Нејмар на 52 натпревари има постигнато 47 голови за ПСЖ.

Се вчитува...