Нејмар ја доби капитенската лента на Бразил

Бразилската мегаѕвезда Нејмар отсега перманентно ќе ја носи капитенската лента во националниот тим на „кариоките“. Селекторот Тите му ја даде довербата на фудбалерот на Пари Сен Жермен да ја предводи селекцијата, верувајќи дека неговите лидерски способности можат да внесат победнички дух во тимот. Бразил доживеа елиминација во четвртфиналето на СП во Русија, Нејмар беше критикуван за своите игри и пред се симулирањето фаули на теренот, но Тите во него има огромна доверба.

Нејмар за првпат ќе го предводи Бразил како капитен на пријателскиот меч против селекцијата на Соединетите Американски Држави во Њу Џерси.

Досега во селекцијата на „кариоките“ се ротираа неколку фудбалери со капитенската лента, пред се Марсело и Тијаго Силва.

Се вчитува...