Нејмар оди на рекорд во ЛШ што го немаат ниту Меси, ниту Роналдо

ПСЖ вечерва му гостува на Баерн Минхен во дерби дуелот од шестото коло од Лигата на шампионите, меч на кој „светците“ можат да си дозволат дури и пораз од три гола разлика и да се задржат на првото место во групата.Нејмар повторно ќе биде главен адут на Унаи Емери, а Бразилецот ќе има дополнителен мотив со оглед на фактот дека атакува на рекорд што досега не му успеал на ниту еден фудбалер во ЛШ, вклучувајќи ги Лео Меси и Кристијано Роналдо. Имено, Нејмар има можност да стане првиот фудбалер што се запишал меѓу стрелците на сите шест натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој постигна голови на првите пет средби во групата, но најтешкиот предизвик сепак ќе го има вечерва на „Алијанц арена“.Нејмар досега има шест гола во ЛШ, исто колку и Единсон Кавани, со тоа што Уругваецот не се запиша меѓу стрелците при победата од 5-0 над Андерлехт. Најдобар стрелец во елитното европско натпреварување сезонава е Кристијано Роналдо со осум погодоци. 

Се вчитува...