ПСЖ заврши одлична работа со ангажманите на Нејмар и на Мбапе, па „светците“ веќе почнаа да ги планираат и чекорите за преодниот рок наредното лето. Како што информира „Телефут“, приоритет на францускиот гигант ќе биде ангажманот на Филипе Кутињо од редовите на Ливерпул.
Англискиот премиерлигаш минатото лето беше цел на офанзива на Барселона, но „црвените“ одолеаја на налетите на каталонскиот гигант и го задржаа Бразилецот на „Енфилд“. Иако Кутињо има договор до 2022 година, шансите Ливерпул повторно да го убеди на останување се минимални, особено ако се земе во предвид финансиската моќ на ПСЖ, далеку поголема од онаа на Барселона.
Добро познато е дека Кутињо важи за најдобар пријател на Нејмар во репрезентацијата на Бразил, па јасно е чија е идејата токму овој фудбалер да биде во фокусот на вниманиет на директорите на ПСЖ во потрагата по нови засилувања. Бразилскиот играч за врска е проценет на 150 милиони евра, но не се исклучува можноста „светците“ да ја намалат оваа сума вклучувајќи во понудата играчи кои се наоѓаат на листата со желби на Јирген Клоп, како Лукас Моура и Џулијан Дракслер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА