Нејмар за Нова година – фудбал на плажа и „трета среќа“ со убавата Бруна

Нејмар имаше неверојатна 2017 година во која го направи транфер од соништата и стана најскап светски фудбалер, па Бразилецот заслужи одмор од соништата за време на новогодишните празници.

Фудбалската суперѕвезда за своја дестинација го избра островот Фернандо де Нороња, лоциран 710 километри од бразилскиот брег, на средината од Атлантскиот Океан. Станува збор за крајно луксузна и ексклузивна дестинација, со оглед на фактот дека станува збор за место со неверојатна природа, заштитено од страна на Унеско, а воедно и со минимален број на сместувачки капацитети што придонесува цените да се кренати „до плафон“.

nejmar na plaza

Нејмар минува дел од времето играјќи фудбал на плажа пред очите на љубопитните туристи, но и „локалци“, кои ја имаат можноста да уживаат во неговите мајстории.

Воедно, Бразилецот се обидува да ја обнови врската со својата поранешна девојка Бруна Маркезине. Тој два пати раскинуваше со оваа убавица, вториот пат во јуни годинава, но рајот во Фернандо де Нороња е идеален за обид за „трета среќа“ за Нејмар и Бруна.

Се вчитува...