Некогаш евролигаш, од идната сезона второлигаш

Во Франција, во едно од најсилните првенства во кошарка во Европа, неколку тима се борат за титулата. Ле Ман, Шоле, Париз, Гравелинес и Стразбур се пласираа во плеј-офот, а има место за уште три тима.

Што се однесува до долниот дел на табелата, се е веќе јасно. Поранешниот член на Евролигата По-Ортез после десет години повторно ќе игра во понизок ранг, односно во ЛНБ Б лигата на Франција.

Екипата моментално е на 17. пзиција во ЛНБ А лигата, со скор 11-22 што е на едно коло до крај со две победи помалку од сигурната зона и тука математички е се јасно.

Станува збор за еден од најтрофејните француски клубови, кој има девет титули, а беа редовни учесници во Евролигата од 1995 до 2004 година. Во 1987 година беа третопласирани во Европа.

Се вчитува...