Неколку фудбалери на Вотфорд со симптоми на коронавирус

Англискиот премиерлигаш Вотфорд потврди дека неколку фудбалери не се чувствуваат најдобро, а еден од нив чека резултати од коронавирус.

„Имаме неколку фудбалери кои не се чувствуваат најдобро. Имаме еден фудбалер кој чека резултати за коронавирус. Премиер-лигата направи одлична работа со тоа што го суспендираше шампионатот“, стои во соопштението од клубот. 

Веќе се потврдени два случаи на коронавирус во Англија. Првиот беше на менаџерот на Арсенал, Микел Артета, а заболен од ковид-19 е и фудбалерот на Челси, Калум Хадсон Одои. Исто така симптоми на коронавирус имаат и фудбалери на Лестер и Евертон.

Се вчитува...