Некомплетни на последниот тренинг пред Лихтенштајн (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Стомачни проблеми го навјасаа националниот тим во пресрет на утрешниот меч против Лихтенштајн во Лигата на нации. На последниот тренинг, селекторот Игор Ангеловски не можеше да смета на сите фудбалери. Отсуствуваа петмина кои беа поштедени токму поради здравствените проблеми.

Тренингот го пропуштија Стефан Спировски, Стефан Ристовски, Бобан Николов, Аријан Адеми и Мите Цикарски. Сепак, атмосферата е позитивна, победничка и Лихтенштајн мора да падне…

 

 

Се вчитува...