Нема да има трансродови натпреварувачки во шах во женска конкуренција

Меѓународната светска шаховска федерација (ФИДЕ) донесе одлука дека трансродовите жени не можат да се натпреваруваат на официјални женски натпревари додека официјалните лица не ја истражат ситуацијата.

Одлуката на ФИДЕ беше објавена во Лозана и наиде на критики од поддржувачите на правата на трансродовите. ФИДЕ соопшти дека учеството на трансродовите лица ќе зависи од анализата на поединечни случаи, што може да потрае доста долго.

ФИДЕ наведува „во случај кога полот е променет од машки во женски, играчот нема право да учествува на официјални настани на ФИДЕ за жени додека не се донесе официјална одлука“.

Се вчитува...