Информациајта за можното заминување на Микел Артета од Арсенал по крајот на сезоната е само гласина, пренесуваат англиските медиуми. Шпанскиот стратег останува на кормилото на „топчиите“ каде ќе продолжи да работи на случајот да го врати клубот на врвот на Англија и да оди во поход кон освојување на Лигата на Шампионите.
Во текот на вчерашниот ден шпанскиот медиум „Спорт“ објави сензационална информација дека младиот стратег заминува по големиот притисок во Лондон, но според англиските колеги, каталонскиот медиум води врши притисок за преминување на Артета во Барселона каде ќе биде слободно тренерското место по крајот на сезоната.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не крие дека е голем фан на работата на Артета и во него гледа идеална замена за Чави, но договорот на Артета со Арсенал е со важност до јуни 2025 година и тој има желба да го испочитува во целост.
Артета довербата на Арсенал ја доби во 2019 година која премина на „Емирати“ од Манчестер Сити каде беше „десна рака“ на Пеп Гвардиола. Оттогаш успеа да освои три трофеи со „топчиите“ – ФА Купот и две титули во Комјунити шилдот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА