Нема дерби без судиска полемика: Интер со пенал „од втора мајка“ поведе против Јувентус

Интер има предност од 0-1 по првото полувреме од големото дерби против Јувентус, уште еден дуел меѓу лутите ривали во кој во центарот на вниманието се најдоа судиите.

Имено, беше досуден пенал за „нероаѕурите“ во самата завршница, Шчесни го одбрани ударот на Чалханоглу, но во продолжението на акцијата дојде до мешаница во која топката сепак заврши во мрежата на Јуве.

Двете екипи протестираа, а главниот судија по повеќеминутни консултации со ВАР-собата донесе „соломонско решение“, пеналот повторно да се изведе бидејќи Де Лихт прерано втрчал во шеснаесетникот.

Спорните моменти од завршницата од полувремето можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...