Нема докази дека Ники Бат ја нападнал сопругата

Случајот против поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ники Бат, нема да биде продолжен. Тој беше обвинет од сопругата Шели Барлоу дека ја нападнал. Тој требаше да излезе на суд следната седмица, но процесот нема да продолжи. Сопругата на Бат, која што не живее со него не сакаше да ги претстави доказите за нападот пред судот.

Нападот се случи минатиот април, а полицијата на лице место ја пронајде Барлоу која имаше исеченица на раката. Бат се изјасни дека не е виновен, а призна само дека нанел штета на телефонот на сопругата кој е во вредност од 800 фунти.

Бат беше дел од Манчесте Јунајтед од 1992 до 2004 година. Со тимот од „Олд Трафорд“ шест пати ја освојуваше титулата во Премиер-лигата, а 1999 се искачи и на тронот на Европа. Покрај Јунајтед во кариерата настапуваше и за Њукасл, Бирмингем и за клубот од Хонк Конг, Јужна Кина. За англиската репрезентација запиша 39 настапи.

Се вчитува...