Нема јунак што ќе го победи Манчестер сити: Со пресврт падна и Вест хем

Манчестер сити и понатаму продолжува во победнички ритам во Премиер – лигата. „Граѓаните“ на домашен терен со пресврт го совладаа Вест хем со 2-1, иако имаа негатива по првото полувреме.

Анџело Огбона во 44.минута го изненади составот на Пеп Гвардиола, но тие одговорија соодветно во вториот дел.

Николас Отаменди во 57.минута го израмни резултатот, а Давид Силва во 83.минута постигна победнички погодок за Манчестер сити. Сега „граѓаните“ имаат осум бода предност на врвот на табелата пред градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Се вчитува...