Нема казна: Потврдена победата на Ферстапен!

Макс Ферстапен останува победник на трката за ГН на Австрија откако стјуардите донесоа одлука дека возачот на Ред Бул не ги прекршил правилата при маневарот на два круга до крајот, кога успеа да го мине Шарл Леклер.

Во таборот на Ферари бурно реагираа барајќи казна за „предизвикување контакт меѓу болиди“ и за „илегално блокирање и исфрлање од патеката“, а веднаш по завршувањето на трката беше објавено дека е покрената истрага за спорниот момент.

Сепак, откако беа прегледни сите агли од инцидентот, на крајот беше донесена одлука дека Ферстапен го минал Леклер согласно правилата, оставајќи му ја победата на холандскиот возач.

Се вчитува...