Нема конкуренција – Македонија, ко-домаќин на ЕВРО 2022

Ракометната Федерација на Македонија направи уште еден чекор напред кон обезбедување на организација на едно големо сениорско натпреварување, откако заедничкиот проект на РФМ заедно со федерациите на Словенија и на Црна Гора за домаќинство на ЕВРО 2022 доби зелено светло од страна на ЕХФ. Европската куќа на ракометот денеска официјално ги објави скратените листи од земјите кои го минале првиот филтер по апликациите за организација на претстојните европски првенства.

Одлична вест за водечките луѓе на мак-ракометот е што не само што оваа заедничка апликација е прифатена, туку и барањето на Македонија, Црна Гора и Словенија е единственото за женскиот европски шампионат во 2022 година. Со самото тоа, шансите за добивање на организацијата се огромни, доколку се исполнат критериумите што ги бара европската куќа на ракометот.

По првичната евалуација, извршниот комитет на ЕХФ ќе ги прифати апликациите на состанок што ќе се одржи на 15 декември. Инспекцијата на објектите ќе се одржи на почетокот од 2018 година. Сите апликации официјално ќе бидат потврдени во март 2018, а официјалната информација за доделувањето на организациите на европските шампионати ќе се случи за време на ЕХФ конгресот во Глазгов, на 18 и 19 јуни“ – се вели во информацијата на ЕХФ.

Се вчитува...