Нема крај на малерите: Мурињо остана и без најскапото засилување

Жозе Мурињо не може да крене глава од проблеми со повреди, а листата на отсутни фудбалери се зголеми во пресрет на денешниот дуел од Лигата на шампионите против Лајпциг. Најскапото засилување на Мурињо како стратег на „спарси“, Стивен Бергвајн, заработи тешка повреда на скочниот зглоб и ќе мора да отсуствува подолго време, најверојатно до крајот на сезонава.

„Не очекувам Бергвајн да може да се врати до крајот на сезонава, но веќе се навикнавме на тоа. Три, четири, шест или седум повредени играчи, веќе стана сеедно“, изјави разочараниот Мурињо.

Хари Кејн и Муса Сисоко заработија тешки повреди во јануари, потоа се повреди и Хеунг Мин Сон, па сега Лукас Моура дефинитивно остана единствениот здрав напаѓач во пресрет на клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...