Нема крај: Нова повреда на најмалерозната ракометарка

ЧСМ Букурешт славеше над Влчеа со 29-23 во дуелот од Супер-купот на Романија, но резултатот остана во заден план откако Нора Мерк заработи нова тешка повреда. Норвешката репрезентативка потпиша за ЧСМ и се надеваше дека ќе ги остави зад себе кошмарните сезони во Ѓер, каде имаше две тешки повреди по кои следеа долги паузи.

За жал, историјата се повтори, па Мерк повторно го повреди коленото на левата нога, а деталните прегледи покажаа кинење на вкрстените лигаменти.

„Победата е најмалку важна во ситуација кога останавме без Нора Мерк. Ќе следи операција и повеќемесечна пауза, но се надеваме дека Нора ќе може да ни помогне во клучниот дел од сезоната“ – соопштија од раководството на романскиот првак.

 

Се вчитува...