Нема криза во Барса – богата понуда за Калатес

Раководството на Барселона се закануваше со сериозно кратење на буџетот ако не биде прифатено намалување на платите од страна на кошаркарите, но каталонскиот гигант е решен уште помоќно да атакува на трофеи во новата сезона. Дека нема да има помалку пари, туку напротив, доволен доказ е мегапонудата што Барса ја испрати до Ник Калатес.

Грчкиот плејмејкер веќе објави дека си заминува од Панатинаикос, а каталонците му испратија официјална понуда од загарантирани 5,5 милиони евра за тригодишен договор, плус богати бонуси за секој освоен трофеј. Барса летово остана без Американецот Дилејни, а во Калатес гледа идеално решение за плејмејкерската позиција, играч со кого би добиле и на квалитет и на искуство и дефинитивно би се вмешале и во трката за титулата во Евролигата.

Интерес за Калатес покажа и рускиот евролигаш Зенит, кој сигурно ќе му понуди подобри финансиски услови на 31-годишниот плејмејкер, кој ќе треба да избере меѓу парите и борбата за трофеи.

Панатинаикос веќе ја пронајде замената за грчкиот репрезентативец, договарајќи ги условите за соработка со плејмејкерот на Црвена Звезда, Лоренцо Браун.

Се вчитува...