Нема криза за ПСЖ: 38 милиони евра по сезона за Нејмар да остане во Париз до 2025 година

Францускиот првак Пари Сен Жермен нема намера лесно да се откаже од Бразилецот Нејмар. Фудбалерот кој за најскап трансфер во историјата дојде од Барселона во ПСЖ има понуда да се врати назад на „Камп Ноу“, но и раководството на „светците“ одлучи да се бори за неговите услуги. Глобалната криза не го потресе многу раководството на Пари Сен Жермен кое подготви фантастична понуда за Нејмар да остане на „Паркот на принцовите“ до 2025 година.

За новата тригодишна верност, Нејмар би заработувал 38 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси за успеси со клубот. Тоа би го доближило многу до најплатениот фудбалер во светот, Лионел Меси од Барселона.

Каталонскиот гигант сака да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, но ниту приближно не може да одговори на финансиската понуда на Пари Сен Жермен. Доколку Бразилецот одлучи да се врати во Барселона, тогаш би морал да се откаже од околу 10 милиони евра годишно. Платата што му ја нуди Барса е далеку помала и од неговата сегашна во ПСЖ. Максимумот кој би можел да го добие е 25 милиони евра по сезона.

Се вчитува...