„Нема нешто што Јокиќ не може да направи, сериозен сум“

Никола Јокиќ повторно игра во МВП форма. Српскиот интернационалец одново е лидер на Денвер, тим кој со него и без него игра во сосема различна форма. За тоа говореше и неговиот тренер Мајкл Малоун, а за центарот пофални зборови имаше и Стен ван Ганди.

Имено по последната победа над Голден Стејт (86-89) во која Јокиќ имаше клучна блокада за победа легендарниот тренер за српскиот ас говореше во суперлативи.

„Јокиќ повторно беше на врвот на својата задача и тоа не му е прв пат оваа сезона. Не постои нешто што Јокиќ не може да го направи, сериозен сум. Кога Јокиќ ја има топката и настојува да додаде, противникот мора да биде постојано фокусиран и блиску до играчот кој го чува. Додека нема додавање, тука е шутот. Згора на тоа има речиси 14 скока по натпревар, што е за три повеќе од МВП сезоната. Денвер ги нема Мреј и Портер, кои со Јокиќ беа најдобри стрелци, повредени беа и Гордон и Дожир, а Јокиќ го носи тимот на својот грб“, вели Ван Ганди.

Се вчитува...