Нема позитивни „наполитанци“ на коронавирусот

Италијанскиот калчолигаш Наполи ги изврши задолжителните тестови на Covid-19 и ниту еден фудбалер и член на стручниот штаб не е позитивен, пишуваат медиумите на Апенините. Професорот за урологија на поликлиниката „Федерико Втори“ во Неапол, Винченцо Мироне, ја потврди оваа информација.

„Имавме можност да ги тестираме сите фудбалери на Наполи и можеме да потврдиме дека тестовите се негативни“, изјави Мироне.

„Наполитанците“ од денеска официјално стартуваат со тренинзи, Елиф Елмас и соиграчите ќе тренираат поделени на три игралишта во клупската база, а тренерот Џенаро Гатузо веднаш испланира два тренинга во денот.

 

Се вчитува...