Нема простување – Бонучи „нападнат“ од фановите

Капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи едвај имаше сили кратко да им се обрати на навивачите по тешкиот пораз на домашен терен од Фиорентина.

Повеќекратниот италијански шампион загуби синоќа во Торино со убедливи 3-0, а искусниот стопер одигра една од најлошите игри во дресот на славниот клуб.

“Ова е најлошиот Јувентус во првиот дел од сезоната. Им се извинувам на навивачите во мое име, пред сè. Немам што повеќе да додадам”, напиша Бонучи.

Фановите не го поштедија, па на објавата беа напишани разни коментари, меѓу кои: „Срам да ти е … Ова е единствената правилна работа што си ја направил“ …

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo Bonucci (@bonuccileo19)

 

Тој беше поддржан од неговиот поранешен соиграч Миралем Пјаниќ, кој исто така нема „успешна“ сезона во Барселона.

„Само напред, брат“, напиша играчот за врска кој летово го напушти Торино по четири години во Јуве.

Се вчитува...