Нема шега со Олимпик Марсеј: „Петарда“ во мрежата на Ница

Олимпик Марсеј уште еднаш ги потврди амбициите да се бори со ПСЖ за титулата во француското првенство откако вечерва во голем стил го декласираше како гостин тимот на Ница со убедливи 1-5.

„Аѕурното дерби“ обично минува во израмнета борба и жестока атмосфера на трибините, па затоа изненадување е што Марсеј толку лесно и убедливо стигна до цел плен. Обамејанг со прецизен удар со глава го отвори резултатот, по што на сцена со два гола стапи Мејсон Гринвуд.

Веа и Паишао го комплетираа гол-шоуто на гостите, а се што Ница успеа да стори на овој меч беше утешниот погодок на Чо во 63. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...