„Војната“ во Пари сен Жермен меѓу Единсон Кавани и Нејмар дефинитивно е минато. Денеска беше досуден пенал за ПСЖ на дуелот со Бордо, без никаков конфликт Нејмар ја зеде топката и ја смести во мрежата, а прв на голот му честиташе токму Кавани.
„Светците“ играат извонредно прво полувреме во кое водат со 5-1, а во главна улога е Нејмар со два гола и една асистенција (до Кавани).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА