Хари Кејн беше во центарот на вниманието претходното лето кога поради незадоволство од амбициите на Тотенхем сакаше да го напушти клубот чиј дел е од 2009 година. Англичанецот се опрости од навивачите, но раководството на клубот не дозволи трансфер па бајката продолжи уште една сезона.
Работите во Тотенхем не се променија, лондонскиот клуб не освои трофеј, ниту беше во сериозна битка за ист, меѓутоа тренерот Антонио Конте пријатно влијаел на 28-годишниот голгетер кој во италијанскиот стратег гледа личност со која тимот ќе стигне до посакуван трофеј.
Со трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити се намалија и заинтересираните клубови кои можат да ги издвојат потребните средства за негов потпис, а Кејн намерува да остане во клубот најмалку до крајот на договорот кој истекува во 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА