Нема заразени од Ковид 19 – Милан си го демантираше претседателот

Повеќекратниот италијански првак Милан попладнево преку соопштение до јавноста демантираше дека се појавени позитивни случаи на Ковид-19 во таборот на „росонерите“. Во текот на вчерашниот ден претседателот на клубот, Паоло Скарони, во изјава за медиуми обелодени дека неколку членови на клубот се заразени од коронавирусот, но „росонерите“ со најновото соопштение го демантираа сопствениот прв човек на клубот.

„Како клуб објавуваме дека сите тестови врз фудбалерите и стручниот штаб извршени во изминатите денови дадоа негативни резултати. Согласно програмата, екипата ќе продолжи со индивидуални тренинзи во Милано, а во меѓувреме ќе биде направен и „медицински скрининг“ за здравјето на сите фудбалери кои ќе му бидат на располагање на тренерот во следните денови“, се вели во соопштението на Милан.

Најголемата „ѕвезда“ на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ, в понеделник ќе пристигне во Милано откако во изминатите два месеци се наоѓаше во Шведска.

Се вчитува...