„Немам кристална кугла – Не знам дали Роналдо ќе остане во Јувентус“

Се’ уште нема индиции дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус ова лето, вака барем тврди спортскиот директор на торинскиот клуб, Федерико Черубини. Договорот на Португалецот истекува во јуни 2022 година, а клубот очекува 36-годишниот фудбалер да се приклучи на подготовките за следната сезона, откако направи пауза од Европското првенство.

Федерико изјави дека Јувентус е среќен што во своите редови го има еден од најдобрите фудбалери на светот, па се надева дека Роналдо ќе остане во Торино уште долго време.

„Нема никаква индикација од Роналдо дека тој сака да замине. Среќни сме што тој ќе ни се придружи кога ќе направи пауза од Европското првенство“, рече Черубини.

Сепак, во изминатите месеци се пишуваше дека Роналдо е подготвен да го смени клубот.

„Немам кристална кугла, не знам што ќе се случи. Засега нема индиции дека ќе има трансфер“, додаде Черубини.

Португалецот минатата сезона постигна 36 голови за Јувентус на 44 натпревари.

Се вчитува...