Немили сцени на крај: „Комити“ ги построија фудбалерите, судир и со полицијата… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нервоза меѓу „вардарци“ по поразот од Македонија ЃП на стартот од новата сезона, но и тензии на трибината на „Комитите“ и немили навивачки сцени на крајот од денешниот последен натпревар од почетното коло во Првата македонска фудбалска лига.

Најверните навивачи на Вардар, „Комитите“ останаа револтирани од изданието на своите миленици, па на крајот ги построија и фудбалерите пред себе, се до моментот на поединечните непосакувани судири меѓу фановите и интервенцијата на полицијата. На крајот за се да заврши мирно, единствено со радост на фудбалерите и навивачите на Македонија ЃП, а тага кај „црвено-црните“…

 

 

Се вчитува...