Немили сцени во Неапол: Соиграч на Елмас побара измена поради проблеми со дишењето

Наполи вечерва го пречека составот на Емполи, а тренерот Лучијано Спалети се соочи со нов проблем откако Зиелински самиот побара да биде заменет по нецели 20 минути игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Зиелински самиот побара топката да биде исфрлена од игра, жалејќи се кај судијата на проблеми со дишењето. Потоа тој излезе од игра крај клупата на Наполи, од каде веднаш беше донесена одлука – Полјакот да замине во соблекувалната.

Се очекува врз полскиот интернационалец во текот на утрешниот ден да бидат извршени детални прегледи, по што ќе биде утврдено колку тој ќе мора да отсуствува од фудбалските терени.

Се вчитува...