Ненадиќ пред стартот на ЕП – судиите ќе бидат за Хрватска

Подготовките за претстојното ЕП во Хрватска се во полн ек кај сите ученици на шампионатот, а атмосферата посебно се загрева пред воведната хрватско-српска пресметка на 12 јануари во Сплит со која ќе биде означен стартот на првенството. Најдобриот српски ракометар, Петар Ненадиќ балканското дерби го најави со една интересна забелешка.

„Играме балканска класика, сигурно ќе имаме полна сала. Атмосферата и судењето ќе бидат на хрватска страна, но и притисокот е кај нив бидејќи се домаќини, а сите знаеме какви се првите натпревари. И сите знаеме дека Србија знае да одигра добро на отворањето на првенствата. Битно е сите да отидеме здрави во хрватска, таму е се можно и неможно…“ – вели бекот на српската репрезентација.

Покрај Хрватска и Србија, во групата во Сплит од првата фаза на ЕП, се уште и селекциите на Исланд и на Шведска.

Се вчитува...