АП Брера Струмица и тетовска Шкендија се двете непоразени екипи на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во денешното 5. коло од шампионатот и двете со исклучителни тешки гостувања против екипи кои, пак, сезонава се неприкосновени на домашен терен.
Шкендија денеска гостува на Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје. Тетовци одлично го стартуваа новиот шампионат. Стоперот Мевлан Адили се надева дека тимот ќе продолжи во ист, победнички стил.
„Атмосферата во клубот е многу добра, со оглед дека одлично го стартувавме првенството, и имаме три победи во првите три натпревари. Се надевам дека и следниот период ќе продолжиме со со победи. Добро се подготвуваме за натпреварот со Работнички. Добро го анализиравме противникот и се надевам дека ќе победиме“ – вели Адили.
АП Брера, пак, гостува на Брегалница во Штип која претходните два натпревари на домашен терен славеше против Силекс и против Гостивар.
„Знам дека не чека тежок натпревар, но имаме одлична атмосфера во тимот која не води на секој натпревар. Јас лично одлично се чувствувам во екипата и во Струмица, кој иако мал е навистина убав град. Со стручниот штаб добро се познава уште од моите настапи за академијата на Парма, па сигурен сум дека ќе продолжиме со квалитетните изданија и во Штип“ – вели младиот италијански крилен напаѓач од редовите на струмичани, Салваторе Рибаудо.
Во останатите денешни дуели интересно ќе биде и во Кавадарци, каде гостин на Тиквеш ќе биде Воска спорт, Шкупи во Скопје игра со Гостивар, а Силекс во Кратово ја пречекува Македонија ЃП.
ПМФЛ – 5. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АП БРЕРА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
Скопје: ШКУПИ – ГОСТИВАР
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
01.ноември 2023
Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА