Непоразениот Гостивар по „скалпот“ на најтрофејниот

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска со три натпревари од 4. коло. Возбудувањата започнуваат во СРЦ „Кале“ каде Феникс 2010 го пречекува Куманово од 12 часот и 30 минути, а продолжуваат на истото место од 18 часот со натпреварот на колото помеѓу ТФТ и Еуро Никел. Богатиот ден ќе биде комплетиран од 19 часот кога во „Младост“ на досега непоразениот Гостивар му гостува Работнички.

За утре (30.10) се закажани две средби во Гевгелија и Битола. Во „26ти Април“ Кожув го пречекува Чаир 2030 од 18 часот, а половина час подоцна во „Боро Чурлевски“ Пелистер ќе ја угости Струмица. Колото ќе биде комплетирано во понеделник од 18 часот со средбата помеѓу МЗТ Скопје и Академија ФМП.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...