Вардар е на врвот и посакува да остане таму и после денешната пресметка со Академија Пандев, вториот непоразен тим во досегашниот тек од шампионатот во Првата лига. Тимот на Александар Васоски е во низа од пет последовни победи и сака да ја продолжи на арената „Тодор Проески“ против составот кој досега има примено само еден единствен погодок во седумте досегашни кола.
И двата тима го посакуваат врвот, а дополнителен стимул е и вчерашниот пораз на Шкендија на Чаир. Ќе значи тоа уште поголема бодовна предност во однос на најголемиот фаворит за титулата и актуелен првак.
Работнички гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс. „Романтичарите“ не започнаа според посакувањата, а и составот од Кратово се бори за бегство од опасната зона. Ренова го пречекува Борец, а Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Македонија ЃП.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8. КОЛО (15 ЧАСОТ)
ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
РЕНОВА – БОРЕЦ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВЧЕРА: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА