Непосакуван прекин веднаш на мечот меѓу Башкими и Влазрими: Брзата помош интервенираше откако му се слоши на навивач на Башкими (ВИДЕО)

Непосакуван прекин веднаш на стартот од бараж-натпреварот за влез во Втората лига меѓу Башкими и Влазрими кој се игра на Градскиот стадион во Тетово.

Само што стартуваше дуелот, му се слоши на навивач на Башкими на трибините во Тетово поради што мечот беше веднаш прекинат како би можела да интервенира Брзата помош.

По лекарските реакции и откако беше згрижен навивачот кој го напушти стадионот како би му се пружила комплетна лекарска помош, натпреварот по десетминутен прекин продолжи…

Се вчитува...