„Нероаѕурите“ го минаа периодот на изолација, нема ниту еден со симптоми на Covid-19

Фудбалерите на Интер го завршија периодот на изолација каде заминаа веднаш откако беше откриено дека Даниеле Ругани, фудбалерот на Јувентус, е заболен од вирусот Covid-19. По големото дерби во Торино кое се одигра без присуство на публика, „нероаѕурите“ заминаа во 14-дневен карантин, а тестирањата покажаа дека ниту еден фудбалер нема симптоми на коронавирусот.

Со оглед дека Серија А нема да продолжи во скоро време, раководството на Интер донесе одлука да го распушти тимот до друга одлука која ќе биде донесена откако ќе добие известување и дозвола од италијанската влада за организирани тренинзи на фудбалските клубови.

Се вчитува...